Објавено на:

Пред десетина дена две деца кај Лемнос ја изгубиле топката која што му го спаси животот на Иван

t

Грчките медиуми објавија повеќе детали за топката која му го спаси животот на Иван кој помина 19 часа во вода, држејќи се за неа.

„Спасот“ во Одисеја на Иван пристигна од Лемнос. Причината за спасувањето на Иван на Халкидики, кој успеал да излезе неповреден по 19 часа авантура на море, благодарение на топката која случајно била пронајдена во водата. Топката што го спаси Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни!, открива voria.gr. Според нивните сознанија, на оваа плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!

Загубата на децата се претвори во божји дар за 30-годишникот кој се најде 19 часа да се бори со брановите среде море. Топката која е од кожа и е со големина на онаа за ракомет, иако била полунадуена, како што пријавил 30-годишникот, успеала да му помогне да го одржи во живот, објави порталот, а пренесува Прототема.

„Имав постојани информации за текот на спасувањето и многу сум среќна поради непречено завршување на авантурата на младиот човек. Продолжуваат истрагите за пронаоѓање на трето исчезнато лице. Се надевам дека третото момче многу брзо ќе биде пронајдено живо. Младиот човек пронашол топка која му го спасила животот додека му помагал кога се уморил. Благодареност на пристаништето, ЕКАБ и Здравствениот дом Касандра, воздухопловните сили, грчката полиција, рибарските чамци на Неа Скиони, 2-те чамци кои пловат во областа, сите спасувачки тимови и волонтерите, напиша на Фејсбук градоначалничката на Касандра Анастасија Чалкиа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…