Не е “умрено” и се враќа посилно: Над 500 нови случаи на Ковид-19 во Македонија!
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19
Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 463 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четири починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…