Објавено на:

Радев се мајтапи со нас: Црна Гора е најнапредната земја во процесот на проширување на ЕУ

t

Овде сум да ја потврдам цврстата поддршка на мојата земја за Црна Гора на нејзиниот европски пат. Црна Гора е најнапредната земја во процесот на проширување на ЕУ и со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде како полноправна членка на европското семејство во блиска иднина.

Ова го истакна Румен Радев на заедничката прес-конференција со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

„За нас Бугарите, Црна Гора е пријателска земја со која не поврзуваат вековни културни, историски и духовни врски. Денеска споделуваме заедничка визија за европската перспектива на Југоисточна Европа, која нема алтернатива и која е клучен фактор за постигнување стабилност, безбедност и просперитет на целиот регион“, додаде тој.

Тој и честиташе на Црна Гора за одлуката да го преземе претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

„Бугарија е подготвена да помогне со експертиза за зајакнување на институционалниот капацитет на Црна Гора, за решавање на сите важни прашања не само во процесот на пристапување (во ЕУ), туку и потоа – за целосна интеграција во ЕУ“, исто така претседателот кажа.

Според Радев, од клучно значење е нашите земји да го подигнат фокусот на ЕУ и НАТО кон нашиот регион, за да имаме проактивна политика која не само што ќе се бори со последиците од кризите, туку и ќе прави се за да се спречат последователни потреси.

„Нашиот регион е во лоша состојба, во споредба со порано, бидејќи тука имаше помалку Европа, регион каде што се зголеми сомнежот за важноста на членството во ЕУ и мислам дека ова е сериозна загуба и за нас и за заедницата“, рече претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Црна Гора, една од најлојалните членки на НАТО, ги започна преговорите со ЕУ пред 10 години и досега има затворено три поглавја.

Посетата на Радев дојде кога партијата на Ѓукановиќ повика на предвремени избори бидејќи локалната власт се откажа од евроинтеграциите во корист на преговорите со Српската православна црква. Во исто време, на кабинетот на Северна Македонија му се заканува пад од власт, поради застојот на преговорите за членство во ЕУ. Радев беше еден од најголемите критичари на откажувањето од бугарското вето без гаранции дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…