(Видео) Новак по неколку години успеале да го принудат да пие пиво: „Не уживав многу“
Шампионот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, кој во неделата го подигна својот 7-ми пехар на Централниот терен во Лондон, а вкупно 21-ви во кариерата, за време на интервјуто за Тенискиот канал откри дека испил едно пиво по титулата.
Во текот на разговорот, каде што беше присутна и легендарната Мартина Навратилова, Новак призна дека тренерот Горан Иванишевиќ го принудил на тоа.
– Сè уште го чекам мојот оброк по финалето. Не пијам алкохол, немам пиено пиво со години, но сега ме натера тренерот Горан. Не уживав многу, рекол Ѓоковиќ, на што Навратилова му рекла да проба чешко пиво, бидејќи тие се најдобри на светот.
– Веројатно повеќе би уживал во чешкото, се насмеа Новак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…
Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…
Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…
Иран подготвил детални планови за напади врз…
Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…
ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…
Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…
Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…