Повеќе од три милиони бегалци се вратиле од ЕУ во Украина
Повеќе од три милиони украински бегалци веќе се вратија во Украина од ЕУ, додека околу 3,7 милиони луѓе останаа во земјите на Унијата, изјави на прес-конференција европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.
„Податоците што ги имаме се дека 6,7 милиони Украинци влегле во Европската унија, а околу три милиони се вратиле“, рече таа.
Според неа, има информации дека 3,5 милиони се вратиле во Украина, додека 3,7 милиони поднеле барање за привремена заштита.
„Некои прво се регистрираа во земјата на влез, а потоа во следната земја, така што тука има одредено преклопување, но би рекол дека има од 3,2 до 3,7 милиони украински бегалци на територијата на ЕУ“, рече Јохансон.
Таа додаде дека Чешка има најголем број украински бегалци по глава на жител, а потоа следат Полска и Естонија.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…