(Фото) И Пендаровски нема да смее да пишува што сака: Ковачев го опомени – Ова е последна ваква објава на македонски функционер, браќата Миладиновци се Бугари!!!
Последиците од францускиот предлог се чувствуваат уште пред да се прифати, но македонските власти, иако и лично и како претставници на Македонија се константно исмејувани од бугарските колеги, не се откажуваат од него.
Претседателот Стево Пендаровски вчера ја посети спомен куќата на браќата Миладиновци и таквата посета ја сподели на Фејсбук за што напиша:
“Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга.
Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас.”
Постапката на претседателот Пендаровски е добра, но на тоа веднаш му беше вратено од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, познат по неговиот нацистички поздрав во Европскиот Парламент и константните шовинистички ставови за Македонија и Македонците.
Еве што напиша Ковачев споделувајќи ја објавата од Пендаровски:
“Ова треба да биде последната објава што Стево Пендаровски, и кој било друг функционер на Северна Македонија, ја пишува на овој начин. Со францускиот предлог почитување на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде клучен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот кон преговорите за членство Упатувајќи се во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот бара македонските функционери да се придржуваат, во своите официјални настапи, до наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија од нашата заедничка историја.
Сигурно, Браќа Миладинови наскоро ќе дојдат на расправа од мешовитата историска комисија. Потоа, покрај тоа што е од големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да се поштеди од фактот дека тие имаат исто значење за бугарската култура, а најмногу од сè, нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата колекција „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите за Бугарите.
На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативни и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладинов или Гоце Делчев, пред време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските Бугарофоби на Левица и ДПМНЕ, како оние на протестите деновиве, каде пена излегува на спомен на „Бугари“.”
Засега нема реакција од Пендаровски во врска со коментарот на Ковачев.
Македонскиот народ денеска во 19 часот продолжува со протестите против францускиот предлог. Протестот започнува пред Владата на Република Македонија, преку Маврпвка ќе се оди до МНР, а се завршува пред Собранието на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…