СДСМ очекува пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат заклучоците за францускиот предлог
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да повика дел од пратениците на неговата партија да престанат да прават блокади и опструкции и да не одработуваат за туѓи центри и држави, кои не и мислат добро на оваа земја, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски во одговор за коментар на повикот на опозицискиот лидер до пратениците од Социјалдемократскиот сојуз да го одбијат предлогот за деблокирање на европскиот пат на земјава.
Каевски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да присуствуваат на седницата на Собранието на која ќе се расправа по Информацијата за содржината на предлог-преговарачка рамка доставена од Владата до законодавниот дом.
– Да дојдат на пленарната седница, да дискутираме и да ги соочиме аргументите и на крајот да донесеме заклучоци, со кои ќе ја обврземе Владата, оваа и секоја наредна, во делот на спроведување на процесот да се зачува чистиот македонски јазик, македонскиот идентитет и посебноста со сите историски, образовни и културни карактеристики и истите да не бидат дел од преговарачката рамка, како што е сега, нагласи Каевски.
Тој истакна дека очекува дел од пратениците од опозицијата, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат овие заклучоци.
– Многу често ги слушаме дека влегувањето на државата во ЕУ е потребно со зачуван македонски јазик, идентитет и посебноста на македонскиот народ во делот на историските и културните карактеристики надвор од преговарачката рамка, порача Каевски.
Запрашан дали СДСМ е подготвен да „седне на заедничка маса со опозицијата“ за усогласување на заклучоците за францускиот предлог и што од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо за владејачката партија, Каевски истакна дека секогаш се отворени за разговор и дискусија со „опозицијата и сите политички партии кои се дел од Парламентот“.
– Да разговараме за делот на одобрување и текстот на заклучоците се со цел да ги донесеме, со што дополнително ќе ја обврземе Владата да ги зачува црвените линии и да биде во линија со Декларацијата донесена во Собранието, а тоа се зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки, како и на македонскиот идентитет и посебноста на државата, додаде Каевски.
Претходно, денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку видео порака им се обрати на пратениците на СДСМ повикувајќи ги да ја отфрлат владината Информација за содржината на предлог-преговарачка рамка.
– Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија, нагласи Мицкоски во обраќањето.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…