Во Албанија позитивни на ковид-19 се 46,3 отсто од тестираните граѓани во последното деноноќие
Во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи со Ковид-19, каде во последното деноноќие вирусот е потврден кај 46,3 отсто од тестираните. Процентот на позитивни е највисока инциденца во последните неколку месеци, јави дописничката на МИА од Тирана.
„Од направените 2 623 тестови позитивен резултат е добиен кај 1 215 што е 46,3 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 646, а починаа две лица на 45. и 84-годишна возраст“,
се наведува во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.
Моментно активни болни со ковид-19 се 6 226 граѓани на Албанија. Во болнички услови се лекуваат 27 пациенти.
Бројот на нови случаи во Албанија почна да се зголемува од почетокот на месецов. Во просек, денвно има по околу 800 новозаразени.
Како што потврдија од Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, во земјата циркулира варијантата БА5.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…