Како опозицијата му ги позајми на Таче пратениците на Села?!
Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците е растурена само на телевизија.
Нашиот портал вчера објави дека и натаму функционира коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, а ништо не смени како што тврдеше Христијан Мицкоски обидот на член партијата на Села да го убие, ниту фактот што лице блиско до Села пукаше на македонскиот народ кој протестираше против бугаризацијата на Македонија.
Коалицијата помеѓу овие две партии и натаму е во одлична кондиција во советите на општините, а тоа го потврди и претседателот на советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски.
На прашањето „ Со оглед на тоа што Алијанса за Албанците ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, планирате ли да закажете седница на советот за разрешување на 38-те членови на управни одборои поставени согласно коалицискиот договор со Алијансата за Албанците“ на што Славевски накусо одговори „Не“.
На прашањето „дали коалицијата во Град Скопје помеѓу „ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците останува?“, Славевски невешто се обиде да го избегне одговорот.
-Вчера имавме седница продолжение на 13-тата седница на Советот на Град Скопје. Ребалансот беше усвоен со 30 гласа од присутните 34 советници; Најчесто советниците гласаат и „коалиции“ се формираат по прашања без разлика на политичката провиненција на советниците. Повеќет предлог-одлуки на вчерашната седница, предложени од градоначалникот, не беа прифатени“, вели Славевски.
На прашањето дали ќе се разрешуваат 38-те членови на Управни одбори со извршни функции назначени од советот, позиции на кои се кадри на Алијансата за Албанците, Славевски накусо одговори „За ова досега воопшто не се размислувало“.
Однесувањето на Алијансата за Албанците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ упатува на тоа дека коалицијата помеѓу овие две партии и натаму одлично функционира на локално ниво.
За иронијата да биде уште поголема утре пратениците на Алијансата за Албанците во Собранието ќе гласаат за францускиот предлог со кој се бугаризира Македонија, додека членовите на ВМРО-ДПМНЕ со денови протестираат по улиците против истиот.
Предлогот во Собранието е на предлог на Владата на СДСМ и ДУИ, а ќе биде поддржан и од БЕСА на Билал Касами која со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалник во Тетово.
Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска повторно изјави дека Северна Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…