Скопје под полициска опсада: Се очекуваат немири, банките ги затвораат своите експозитури – секој пратеник го чуваат по пет телохранители!
Утринава Скопје е под целосна полициска опсада поради протестите кои се најавени во 12:00 часот пред македонското Собрание.
Додека народот пред Собранието ќе протестира против Бугаризацијата на Македонија, Собранието ќе гласа за францускиот предлог додека во парламентот внатре ќе биде Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
Инфомакс ексклјузивно дознава дека постои усна директива до експозитурите на поглемите банки во централното градско подрачје порано да затворат бидејќи се очекуваат големи немири доколку во Собранието помине францускиот предлог.
Дополнително секој пратеник кој денеска се наоѓа во Собранието со себе има по најмалку пет телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ.
Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.
100-тици полицајци од цела Македонија денеска се на работна задача во Скопје по полна опрема за немири. Протестите започнуваат во 12:00 часот пред Собранието на Република Македонија.
-И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, изјави рано утринава министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес сончево и топло до 37 степени,…
Денес времето ќе биде сончево и топло,…
Трамп ги стопираше термините за визи од…
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, привремено…
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…