СДСМ: Пред Собранието е значајна одлука за иднината на државата

t

„Последниот европски предлог обезбедува почеток на преговорите со ЕУ и чиста формулација, односно македонскиот јазик во Унијата“, соопштија утрово од СДСМ.

„Македонски јазик без фусности, без додавки ќе стане еден од официјалните јазици на Унијата а на македонски јазик ќе биде преведено и законодавството на ЕУ. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Тоа значи затворање на сите идентитетски прашања и обезбеден македонски идентитет.

Ова е остварување на уште една стратешка цел – започнување преговори и членство во ЕУ, како Македонци со македонски јазик.
Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.

Време е за одлука. Преку усвојување соодветни заклучоци, кои ќе бидат задолжителни за сегашната но и за секоја идна Влада да се обезбеди европскиот пат на земјата и безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои во ниту еден момент не се преговара.

Сите пратеници да се вклучат во процесот на носењето на заклучоците, да дадат свој придонес за Собранието да го продолжи европскиот пат“, додаваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…

СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…

Откако СДСМ побара да се објават анализите…