Османи се сретна со Фон дер Лајен: Нејзиното присуство било значаен придонес во процесот

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Скопје.

Изразувајќи благодарност за оваа посета, Османи подвлекол дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка, нагласил, ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг.

„Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и вашето денешното обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции“, истакнал Османи, се наведува во соопштението од МНР.

Тој потсетил дека е втор пат во нашата историја, Претседател на Европската Комисија да се обрати во нашето Собрание. Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…

Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…

Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…