Објавено на:

Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија

t

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, предложи 24 мај да биде прогласен за национален празник на Бугарија наместо 3 март, што предизвика скандал во Бугарија.

Одлуката на пратениците на ГЕРБ-СДС за предлогот националниот празник на Бугарија да биде 24 мај, е тоа што тоа е денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература.

Друга причина за барањето ваква промена е тоа што на 3 март, Бугарија изразува благодарност до Русија за ослободувањето од османлиската власт и формирањето на Санстефанска Бугарија.

Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 мај е официјален празник во Русија. Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов изјави дека ова е празник и во Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март.

Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не се слчучел 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат.

Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент.

Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…