Ќе биде пеколно: Русија се подготвува за следна фаза од офанзивата, тврди украински воен претставник
Украинскиот воен претставник, Вадим Скибицки, изјави дека Русија се подготвува за следната фаза од офанзивата против Украина. Ваквата изјава доаѓа откако Москва објави дека руските вооружени сили ќе ги интензивираат воените операции во „сите оперативни области“.
Официјален Киев тврди дека руски ракети и проектили гаѓале украински градови во последните денови, а во нападите се убиени десетици луѓе.
Тоа не беа само ракетни напади од воздух и од море. Гледаме гранатирање по целата линија на фронтот. Има активна употреба на тактичка авијација и напаѓачки хеликоптери. Јасно е дека сега се во тек подготовките за следната фаза од офанзивата – изјави Скибицки, кој е портпарол на украинската воена разузнавачка служба.
Украинската армија соопшти дека Русија ги прегрупирала единиците за офанзива кон Славјанск, симболично важен град во Доњецк во источна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…