Објавено на:

Протести пред бугарското МНР: Џамбаски на чело на толпата што бара да не се предава Македонија

t

Како што е објавено на веб страната на бугарската партија ВМРО тие се собрани пред седиштето на Бугарското Министерство за надворешни работи. 

„Не ја предавајте Македонија!“ е нивниот слоган, а претставниците на ВМРО се предводени од двајца од копретседателите на партијата, Ангел Џамбаски и Александар Сиди. 

Тие како што посочуваат се собраа на протест пред Министерството за надворешни работи по повод претстојното потпишување на протоколот меѓу Република Бугарија и Република Македонија, поврзан со т.н. Француски предлог.

За потсетување во Софија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…

Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Бугарија стана светски лидер во складирање струја…

За помалку од две години, Бугарија стана…