Толкава партија, а како се резилат: Ако пратениците гласаат за уставни измени Мицкоски може само да ги колне како баба

t

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вчера потпишаа изјави кои, како што соопштија од партијата се заверени кај нотар и треба да бидат гаранција дека пратениците нема да гласаат за уставни измени, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Иако вчера Димитар Ковачевски на прес-конференција истакна дека “Според Уставот пратениците се независни, тие не му служат на лидер кој мафта со нотарски изјави туку на граѓаните што ги избрале”, денеска реагира и дел од правната фела.

“Го гледам текстов од изјавава заверена на нотар и едно ми паѓа у очи. Какви кривични или прекршочни правни последици би имало непочитувањето на оваа изјава?

Не е меница, па да ја активираат, нема извршна клаузула, нема ништо. Мицковски, ако му избегаат или ги уценат, најстрашно што може да им направи е да ги избаци од партија и да ги колне ко баба…

Ерго, има помала вредност од тоалетна хартија.”, пишува Андреа Јанков, на што адвокатот Јанаки Митровски се надоврза со коментар “Толкава партија, а како се резилат.”

Инаку денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, истакна дека вистинските преговори на Македонија со ЕУ ќе започнат кога ќе се случат уставните измени.

ЛИНК од објавите на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…

СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…

Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…