Ништо од нотарските изјави: Мицкоски бара референдум за влез на Бугарите во Уставот – пак ќе се вади на народот
Нотарските изјави се рамни на тоалетна хартија, потврди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Сител.
Откако пратениците на партијата потпишаа нотарски изјави дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија со цел да отпочнат преговорите со ЕУ, сега Мицкоски ретерира и бара референдум на кој народот ќе кажел дали Бугарите да влезат во Уставот.
-Периодот кој што е пред нас планирам да излезам со предлог пред извршниот комитет на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување на граѓаните со собирање на 150 илјади потписи. Ценам дека граѓаните треба да излезат на референдум и да кажат дали се за или не се за овие измени кои Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Да излеземе како партија со став, а потоа јавноста ќе ги дознае деталите. Тоа е следната иницијатива која планирам да ја предложам.
Наместо Мицкоски изречно да потврди дека неговите пратеници нема да гласаат за Уставни измени, тој повтори дека одлуката ќе се носи на референдум.
-Ако народот на референдум каже нема уставни измени, нема да има. Ќе биде дека народот рекол дека не прифаќа уставни измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…