Ова е планот Б на Апасиев: И тој бара референдум ама за францускиот предлог!

t

Дента кога Собранието гласаше за прифаќање на францускиот предлог, лидерот на Левица истакна дека постои план Б кога станува збор за спречувањето на бугаризацијата на Македонија.

По се изгледа планот Б на Апасиев е изјаснување на граѓаните на референдум за францускиот предлог, референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали истиот е прифатлив или не.

-Ништо не е готово…

#ПланотБ
#ДополнителенРеферендум, напиша тој.

Апасиев се повикува на таканаречен дополнителен референдум за преоценување на пропис што претходно е донесен.

Професорот говори за Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на
граѓаните поточно членот 24.

-Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум) .

Во своето гостување во вестите на телевизија Сител на референдум се повика и Христијан Мицкоски, но прашањето според него би се однесувало на влез на Бугарите во Уставот.

-Ако народот на референдум каже нема уставни измени, нема да има. Ќе биде дека народот рекол дека не прифаќа уставни измени, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…