Отворен повик до сите лидери на опозициски партии: Дебата на Инфомакс – Прва тема укинување на Преспанскиот договор! – Ајде да видиме кој е патриот
Поради исклучително важните времиња во кои се наоѓа Република Македонија и македонскиот народ редакцијата на Инфомакс испраќа отворен повик до лидерите на сите опозициски македонски партии за дебата и отворен политички форум на кој ќе се дискутира за решавање на клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како народ.
Покана од нашата редакција ќе добијат лидерите на опозициските македонски парламентарни партии лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, а сите кои мислат дека треба да бидат повикани можат дополнително да ја контактираат редакцијата на Инфомакс.
На дебатата ќе се разговара за решенија на однапред договорени теми кои ќе ги знае целата македонска јавност како и лидерите на политичките партии.
Прва тема: Укинување на Преспански договор со Грција и враќање на уставното име на државата!
Втора тема: Укинување на Договорот за добрососедство со Бугарија и прекин на преговорите!
Трета тема: Отфрлање на францускиот предлог за бугаризација на Македонија!
Четврта тема: Почеток на преговори со ЕУ и дали Македонија навистина нема алтернатива за членството во Унијата?
Петта тема: Коалициски договор кој ќе се заснова на укинување на Преспа, Договорот за добрососедство и отфрлање на Француски предлог.
Шеста тема: Дали може да се исполни цензус за референдум за влез на Бугари во Устав или отфрлање на француски предлог?
Седма тема: Економија – како ќе се намалат цените на горивата и основните продукти, како ќе се зголеми вработеноста и БДП-то на Македонија!
Осма тема: Граѓанска непослушност се до исполнување на едно единствено барање за предвремени парламентарни избори.
Темите се намерно прецизирани со цел никој од лидерите да не се сомнева дека се работи за политичка местенка, оној кој што ќе одбие да дебатира на овие теми пред целата македонска јавност ќе ги покаже своите нечесни намери.
Не е повикан претставник на власта бидејќи тоа е изгубена кауза, станува збор за луѓе кои се спремни на секакви отстапки во однос на македонските национални интереси и никој нема надеж дека истите би понудиле излезно решение од овие предизвици со кои се соочува македонскиот народ.
Датумот на дебатата дополнително би бил прецизиран, емисијата би се емитувала во живо на официјалната Фејсбук страница на Инфомакс.
Ководители ќе се Милош Милошевски и Александар Митовски.
Со почит редакцијата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…