Сега референдумот нема да биде за влез на Бугари во Устав туку за измени во францускиот предлог…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пишмани откако вчера се најде на удар на сите проопозициски структури кога станува збор за идејата за референдум за влез на Бугарите во Уставот.
Денеска Мицкоски посочи дека референдумот за кој ќе собира потписи ќе се однесува на преговарачката рамка, односно барање за измена во членот 5 алиена четири каде што преговорите со ЕУ се условени со протоколот кој вчера го потпиша Бујар Османи во Софија.
-Предлог преговарачката рамка, останува предлог преговарачка рамка бидејќи Владата нема две третини за промени на Уставот и истата не усвоена. Ние бараме истата да претрпи измена во членот 5 алинеа четири каде што таа сега ваква каква што е се повикува на билатералниот договор, протоколот кој го потпиша Бујар Османи и протоколите кои што ги потпишаа. Тука треба да ја бараме суштината во сето ова. Ова е суштината.
Да потсетиме дека согласно протоколот Македонија ќе мора да ја менува историјата како услов за членство во Европската Унија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Сител откако пратениците на партијата потпишаа нотарски изјави дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија со цел да се отпочнат преговорите со ЕУ, ретерираше и побара референдум на кој народот ќе кажел дали Бугарите да влезат во Уставот.
-Ако народот на референдум каже нема уставни измени, нема да има. Ќе биде дека народот рекол дека не прифаќа уставни измени, изјави тој.
-Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи“, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…