Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Петмина повредени
Повредени пет лица при сообраќајна несреќа во близина на охридското село Велестово, информираат од СВР Охрид.
-Во текот на вчерашниот ден во 16.25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во близина на охридското село Велестово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(26) и „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(37) од Скопје.
Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле возачот на возилото „Рено“, како и сопатниците Л.Ј.(22), Г.Ш.(41), Б.Т.(54), сите од Охрид, додека со телесни повреди се здобил В.Ч.(56) од Охрид, велат од СВР Охрид.
Увид на местото извршиле полициски екипи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…
Дрон со термална камера за првпат бараше…
Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…