Вучиќ: Србија е спремна за зимата – Складираме гас во Унгарија, се бориме за нафта
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ги презела сите мерки за претстојната зима, како и складирање на гас во Унгарија.
„Се презедоа мерки во енергетскиот сектор. Во Унгарија се складира гас, се бориме и за нафта“, рече претседателот.
Вучиќ рече дека се размислува за помош на земјоделците со овозможување бесплатен извоз на жито наесен.
„Не се откажавме од ниту една голема инвестиција. За една година ќе го завршиме автопатот до Крушевац, до Пожега, до Ваљево и од Сурчин до Нов Белград“, рече Вучиќ и додаде дека ќе бидат завршени и другите патишта што се градат во моментов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прво обраќање на Радомир Саичиќ како кандидат…
Студентската листа денеска соопшти дека академикот и…
Брнабиќ со остар испад пред изборите: „Ова…
Пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Притвор до 30 дена за директорката на…
Вишиот суд во Белград одреди притвор до…
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…