Објавено на:

Захарова тврди: Зеленски не сака мир

t

Киев потврди дека нема намера да преговара со Русија, велат руските власти. 

Ова го соопшти портпаролката на руското Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.  Таа вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака мир.

„Самиот режим во Киев одби да преговара. Кулеба денеска уште еднаш го потврди тоа“, напиша Захарова на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Претходно шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека преговорите со Русија се можни дури по поразот на Русија. Кажа дека Русија треба да седне на преговарачка маса по поразот на бојното поле. Русија и Украина досега преговараа на белоруско и турско тло. Но, немаше напредок. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…