Бугарија ја достави едностраната Декларација до КОРЕПЕР: Не се признава македонскиот јазик!

t

Бугарското Министерство за надворешни работи ја дистрибуираше едностраната Декларација што Република Бугарија денеска ја презентирала на состанокот на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) во Брисел.

Во неа се укажува дека „упатувањето во документите на ЕУ на официјалниот јазик на Република Македонија во никој случај не треба да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на македонскиот јазик“.

Во декларацијата се наведува и дека:

-Бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик.

-Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) заснована на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма.

Декларацијата Бугарија ја презентираше на состанокот на постојаните претставници во Брисел при гласањето за преговарачката рамка за Македонија.

-Со мерки во три документи – Рамка за преговори, заклучоци на Советот и билатерални протоколи – Бугарија утврдува мерки за строго спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година од Скопје, што ЕК ќе го следи, пишува „БНТ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…