Трајанов нема коментар, Морачанин лично не е против уставни измени, ЛДП останува на ставот – реакции на партиите за Протоколот

t

Помалите политички партии, коалициоани партнери во Владата го кажаа нивниот став во врска со потпишаниот протокол од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска.

Павле Трајанов од Демократски сојуз, кој не ги поддржа владејачки заклучоци, денеска е без коментар по потпишаниот протокол.

Маја Морачанин од ДОМ останува со резерви, иако лично не е против уставни измени во кои ќе се внесе бугарската заедница во Преамбулата.

Од ЛДП пак, велат дека остануваат  на заклучоците кои Централниот одбор на партијата – да даде поддршка на евроинтеграциите, но со утврдените црвени линии: македонски јазик без никакви додавки или објаснувања и заштитени историски и културни особености на македонскиот народ.

 „Протоколот се уште не е официјално разгледан од партиските тела, но првиот впечаток е дека во него нема некои императивни (обврзувачки) норми за државата. Сепак, ќе ја следиме неговата имплемнатација, и согласно утврдените црвени линии, доколку увидиме прекршување соодветно ќе реагираме“, велат од партијата на Милевски чии пратеници гласаа за заклучоците за преговарачката рамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…