ЕДНОСТРАНА ИЗЈАВА НА РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ: Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка
Откако вчера официјална Софија потврди дека не го признава македонскиот јазик посочувајќи дека бугарскиот литературен јазик има шест регионални писмени норми (кодификации). Три од нив се засновани на дијалекти, а три на литературен бугарски јазик. Создавањето на „македонскиот јазик“ во 1944-1945 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (ре-кодификација) врз основа на бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатен“ со локални форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалектна форма, како што се вели во Декларацијата.
Денеска македонското МНР на Политички состанок на Меѓувладината конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија во Брисел испратука сопствена Еднострана изјава.
Изјавата ви ја пренесуваме во целост:
-Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.
Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во
јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на Македонскиот народ.’=’
Македонскиот јазик беше признат на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.
Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.
При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, Северна Македонија очекува истите да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.
Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени…
„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро…
„РУСИЈА ИМА 11 ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ – КАКО…
Францускиот левичарски политичар Жан-Лик Меланшон предупреди на…
Жена пронајдена почината во Кисела Вода
На 21.11.2026 во 14:05 часот во СВР…
Мицкоски со клучни мерки за младите: Поевтини…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски,…
Руските ракети во Полска предизвикаа реакција, НАТО…
Претставници на сите 32 земји-членки на НАТО…