Велат не нема: Невладина организација во Грција ќе организира настава по македонски јазик во Егејска Македонија

t

Во овие мрачни времиња за македонскиот народ присигнуваат одлични вести за Македонците од соседна Грција. Невладина организација кај нашиот Јужен сосед ќе организира настава по македонски јазик во Егејска Македонија.

Центарот за македонски јазик во Грција претставува локална невладина организација, основана во текот на 2022 година. Основна цел на Центарот е делување во насока на зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.

Активностите на Центарот се групирани во три основни области: образование, застапување и документација.

Активностите на Центарот се групирани во три основни области: образование, застапување и документација.

Образование:

Организација на настава по македонски литературен јазик за граѓаните на Грција, преку соодветна веб – страница.

Поддршка во напорите и легитимните заложби за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основно и средно) и универзитетите во Грција, лоцирани во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.

Поддршка за идното можно основање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постојните универзитети во Грција, во насока на обучување и образовно квалификување на локални наставници по македонски јазик, како и подготовка на соодветна наставна програма и наставни материјали.

Застапување:

Застапување и поддршка на легитимното барање за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во Грција, вклучително и за ратификација на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за малцински јазици од страна на Парламентот на Грција.

Поддршка на иницијативи за заштита на јазичните права на говорителите на македонски јазик во Грција, вклучувајќи го правото непречено да користат свој јазик во приватната и јавната сфера, правото да ги користат нивните традиционални семејни презимиња, правото да регистрираат културни здруженија со цел негување на етнокултурниот и јазичниот идентитет итн.

Спроведување на јавни кампањи за пробив и унапредување на јавната употреба на македонскиот јазик во Грција од страна на неговите говорители, вклучително и преку употреба на традиционалните топоними на населените места во северна Грција, заедно со сегашните топоними.

Документација:

Воспоставување на дигитална база на податоци за традиционални топоними и утврдување на областите, околиите и населените места во Грција каде што се зборуваат македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности во поголема или помала мера.

Дигитално документирање на различните дијалекти на македонскиот јазик кои што се зборуваат во Грција за архивски и истражувачки цели.

Документирање на сите поединечни случаи на кршење или попречување на човековите права врз етничките Македонци, говорителите на македонскиот јазик и граѓаните на Грција, како и говорот на омраза во јавната сфера насочен кон нив од разни јавни или приватни ентитети.

Линк од сајтот на невладината организација Центар за македонски јазик

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…