Државата го спонзорирала масакрот во Жан Митрев: Од 2017 до јули 2022, Клиничка болница има добиено од државата вкупно 46.5 милиони евра

t

Првичните информациите на министерството за здравство се дека, не е испочитувана постапката за клиничко испитување на хемофилтрацијата како метод за лекување од КОВИД. Вонредниот инспекциски надзор, треба да даде одговор што се случува во клиниката „Жан Митрев“ и дали институциите за контрола на работата на болницата целосно потфрлиле.

Министерот за здравство, Беким Сали, ги задолжи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Агенцијата за лекови МАЛМЕД до среда да достават конечни извештаи откако ќе завршат вонредните надзори во Клиничката болница „Жан Митрев“. Дополнително, задолжена е Лекарската комора да ги спроведе стручните надзори за лекувањето на ковид-пациентите во оваа болница. Министерот Сали на денешната прес-конференција кажа дека по истражувачката сторија на ИРЛ,„Нечиста крв“, побарал од ДСЗИ покрај вонредниот инспекциски надзор во клиниката на доктор Жан Митрев, да достават и информација за извршени редовни и вонредни надзори во изминатите три години и кои се резултатите од истите.

Рефлектор открива дека болницата која не почитувала десетици законски регулативи во период од 5 години од државата има добиено неверојатни 46.5 милиони евра.

-Скапо здравство, евтин живот: од 2017 до јули 2022, Клиничка болница Жан Митрев има добиено од државата вкупно 46.5 милиони евра, открива Рефлектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…