Села и честиташе на Албанија ама и на Македонија…
Граѓаните на Македонија воопшто и Албанците особено долго го чекаа овој прв конкретен чекор кон отворање на преговорите со Европската Унија, истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
– Алијанса за Албанците, заедно со граѓаните, се радува на одржувањето на првата меѓувладина средба во Брисел, за којашто сите заеднички се жртвувавме, се ангажиравме и придонесовме да се исполни уште една наша стратешка дефиниција, по членството на земјата во НАТО. Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се од витално значење за Македонија и единствената надеж за реформи во системот, борбата против криминалот и корупцијата, владеењето на правото, еднаквоста на граѓаните и народите, како и за подобрување на стандардот на живеењето и на економскиот развој на земјата. Исто така ѝ честитаме и на Албанија за овој важен чекор и се радуваме на заедничкото патување кон големото европско семејство – изјави Села.
Сега останува наша одговорност да ги исполниме стандардите, додава тој, да ги спроведеме реформите, да го искорениме криминалот и корупцијата и да воспоставиме владеење на правото и европски вредности.
– Бескрајна благодарност до земјите членки на ЕУ кои и покрај многуте предизвици, грешки и неуспеси во управувањето во нашата земја, не се откажаа и им ги отворија вратите на граѓаните со надеж за иднината – рече Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со моторна пила во Лакавица, па…
Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…
НАТО ќе го брани секој сантиметар од…
Четворица нападнале 40-годишник и од касата во…
Две лица на возраст од 23 и…
Речиси сите летови во Белгија се откажани…
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…
Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…