Бухова: Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев.
И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку и многу долго пред тоа, немам никакви контакти со посочениот господин. Ја користам можноста и сега, личноста што ја даде дезинформацијата да ме побие со докази, односно нека ги даде доказите со кои располага во соодветните институции – одговори Бухова на прашањето за тоа „кои кодошеле кај Жан Митрев“.
Бухова објасни дека ДСЗИ не дава, ниту одзема дозволи за приватни клиники.
Дозволата за „Жан Митрев“ е дадена од Министерството за здравство, а што пишува во неа ќе ви каже министерот. ДСЗИ не е орган што треба да ја критикува или одобрува одлуката дадена од МЗ. ДСЗИ не побарува дополнително време во однос на надзорите кои ги има направено – рече директорката.
Таа претходно информира дека во „Жан Митрев“ се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори и детално ги образложи.
Бухова објасни и како се пријавуваат интрахоспиталните инфeкции. Клучна и прва институција, рече, до која се доставува информација за интрахоспитална инфкеција, е Центарот за јавно здравје кој прави епидемиолошки увид и наложува мерки.
Да не ги мешаме институциите – порача Бухова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…
Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…
Архангел Михаил е водачот на небесните војски…
Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…