Објавено на:

МВР со детали за опожарениот автомобил на пратеникот Ристески

t

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен информира за случајот во кој опожарен е автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р., информира МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…