Мицкоски по трет пат се пишмани: На референдум ќе се гласа за преговарачката рамка и протоколот со Бугарија
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека на референдум граѓаните би се изјасниле само дали ја прифаќаат преговарачката рамка сосе билатералниот договор со Бугарија, но не и за менување на Уставот. Тој е дециден дека највисокиот правен акт нема да биде променет, а Бугарите нема да бидат во него. Според него, има притисоци.
-Дали е по свадба тапани, не знам. Јас ќе се задржам на Уставот, предвидува два типа на референдум, по и пред носење на одлука. Не зависен од ова е процесот на менување на Уставот. Промената на Уставот, кажав дека нема да се случи. Гаранција е зборот на 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Не се фокусираме ние на тоа, ние се фокусираме на преговарачката рамка каде е вметнат протоколот. Тука треба да одлучат граѓаните дали прифаќаат ваква преговарачка рамка, која ниту една земја членка немала. Не се грижете, Уставот нема да се смени. Јас знам дека има владини инсталации во опозицијата, каде ќе подриваат. Уставот е безбеден и сигурен. Ние зборуваме за преговарачката рамка, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со моторна пила во Лакавица, па…
Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…
НАТО ќе го брани секој сантиметар од…
Четворица нападнале 40-годишник и од касата во…
Две лица на возраст од 23 и…
Речиси сите летови во Белгија се откажани…
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…
Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…