Далеку од мир: Лавров смета дека преговорите во оваа ситуација немаат смисла
Русија ја отфрла идејата за продолжување на мировните преговори со Украина и го обвини Киев дека „не заслужува сериозно внимание од сериозни луѓе“.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека мировните преговори претходно „докажале дека Украина нема желба искрено да преговара”.
Тие едноставно не се способни да артикулираат ништо што заслужува сериозно внимание на сериозни луѓе. Преговорите за мир во оваа ситуација немаат никаква смисла, наведе Лавров.
Тој додаде дека мировни преговори помеѓу Русија и Украина последен пат се одржани пред неколку месеци, но целосно се прекинати во април.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…