Со македонски пасош може да се патува во 124 земји без виза – Српскиот пасош најмоќен во регионот
– Со македонскиот пасош може без виза да се патува во 124 држави во светот, со што тој е рангиран на 33-то место на листата изработена според индексот на патни исправи „Артон Капитал“, со кој се опфатени пасошите на 193 земји членки на Обединетите нации и плус на Ватикан, Косово, Тајван, Макао, Хонг Конг и палестинските територии.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, според овој индекс, Србија е на 25 место бидејќи нејзините граѓани можат без виси да посетат 134 земји, Црна Гора го дели 33-то место со земјава со можност за патување во 124 држави, Босна и Херцеговина е на 41 место, со чиј пасош може слободно да се влезе во 116 земји, а Косово е на 82 место.
Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја се трите земји со „најмоќни пасоши“, бидејќи нивните граѓани можат да патуваат во сите земји во светот без виза. Земји со „најмоќни пасоши“ во Европа се Германија и Шпанија, со чии патни исорави може без виза да се патува во 190 држави, а потоа следат Финска, Италија и Луксембург со „слободен влез“ во 189 земји. Австрија, Данска, Холандија и Шведска се на делба на петтото место, додека Франција, Ирска, Португалија и Велика Британија го делат шестото место.
Нов Зеланд и САД се на седмото, веднаш по нив како осмопласирани се Белгија, Норвешка и Швајцарија. Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата со најслаб пасош, бидејќи можат да патуваат само во 27 земји откако ќе поднесат барање за виза.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…