САД ќе ѝ испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС
Шефот на Пентагон, Лојд Остин, денеска изјави дека САД ќе испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС.
– Продолжуваме да бараме нови начини да им се пружи долгорочна поддршка за храбрите мажи и жени на украинските вооружени сили, и ќе ја адаптираме нашата помош така што Украина би имала технологии, боева муниција и огромна огнена моќ за сомоодбрана, изјави Остин на почетокот на виртуелна средба со сојузниците посветена на Украина.
Системите ХИМАРС имаат голем радиус на дејствување и повисока прецизност, отколку артилеријата од советско време со што располага Украина. Земјата неделава изјави дека со вакви ракетни фрлачи досега нанела 30 удари по руски позиции за материјално-техничка снабдување и муниција.
Според Остин, новиот пакет помош вклучува и муниција и други артилериски боеви резерви.
Вклучително овие четири, САД досега на Украина и доставија 16 системи ХИМАРС.
Од почетокот на војната, САД имаат пружано помош за одбрана на Украина во висина од осум милијарди долари, вклучително и 2.2 милијарди во изминатиот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…