Белгија и Иран ќе си разменуваат затвореници
Белгиските пратеници доцна синоќа дадоа „зелено светло“ за билатерален договор за трансфер на осудени затвореници со Иран.
Текстот помина со 79 гласа „за“, 41 „против“ и 11 „воздржани“. Причината за значајниот број гласови против и воздржани е што овој договор ќе овозможи трансфер на ирански затвореник во Белгија осуден за подготвување на терористички напад. Станува збор за Асадолах Асиди, поранешен дипломат, осуден лани на 20 години затвор за планирање атентат врз иранската опозиција во егзил во Белгија.
Од друга страна пак со овој Договор се отвора конечно можност за белгискиот државјанин и хуманитарен работник, Оливие Вандекастеле, да биде ослободен од иранскиот затвор и да се врати во Белгија. Вандекастеле беше уапсен на 24 февруари во Техеран.
Дел од опозицијата во Белгија го критикува усвојувањето на овој Договор, пред сѐ во редовите на десничарите, каде се смета дека со ова се отвора можност за „ослободување на терористи“. Поддржувачите на Договорот инсистираат дека е важно да се ослободат белгиските државјани како Вандекастеле кој ќе биде предмет на размена на затвореници со Асиди.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…