Великани на светската историја: Александар Македонски

t

Харизматичен лидер, најголем стратег и непобедлив војсковоац

На денешен ден е роден великиот Александар Македонски. Да се потсетиме на него, неговите карактеристики и успеси, па можно е и нешто да поднаучиме. За нас поединечно и за Македонија генерално. Впрочем од таков великан на светската историја има и што да научиме.

Александар Македонски е државник кој ги прошири границите на можното.

Се покажа и докажа како војсководец кој го промени лицето на светот.

А секако, неоспорен и непобитен е фактот дека е лидер кој го освои светот.

Како му успеало сето тоа? – Да го освои светот, да остане непобеден и да го сакат и слават народните маси со векови и милениуми. Нема магична формула за сите овие постигања на Александар Македонски. Работата е многу едноставна: Како прво, тој не признавал дека постои нерешлив проблем(случајот со Гордиеввиот јазол во градот Гордиј, и начинот на кој го разрешил); и второ, работите ги гледал од различни перспективи и затоа на крајот секогаш наоѓал соодветно и ефикасно решение.

Можеби и затоа уште за време на живот го славеле како Бог. Неговите современици и следбеници мислеле дека по мајчина линија е наследник на Ахил, а гласовите за неговите натприродни способности, доаѓале од неговата генијалност, од смислата за воена стратегија, од покажаната храброст и од непобедливоста во битките што ги водел – од првата до последната.

Бил истовремено и романтичен идеалист, но и човек од акција. Сакал поезија и музика, а пријателите го опишувале како ‘’единствен филозоф што го виделе во војската’’. Бил првиот космополит што светот го запознал. Точно е дека бил освојувач кој ги поробувал неговите непријатели, но и факт е дека ги зближувал и мешал државите и народите, меѓудругото, и на начин што организирал масовни венчавки (10 000 во еден ден) помеѓу неговите војници и девојки од освоените земји.

Неговиот однос кон непријателот ја открива и големината на неговиот дух. Познато е неговото внимание и респект кон сопругата на поразениот цар Дариј, а непобитен факт е и неговата дозвола Евреите и Персијанците да си ги слават своите божества. Кога на смртната постела го прашале на кого го остава царството, одлучно одговорил ‘’На најјакиот’’. После неговата смрт, царството, кое безмалку покриваше половина свет, се распадна. Никој од неговите наследници не беше кадар успешно да го замени, и да го оддржи царството.

Основна карактеристика на овој голем војсководец е неограничената креативност во воени пронајдоци и борбени стратегии. Успешната примена во пракса, т. е. во битките што тој и неговата војска ги воделе на борбените стратегии и воените пронајдоци му ја донеле титулата најголем воен командант и војсководец на сите времиња. Тој бил брилијантен во гледање на работите од различни перспективи, и тоа не само од перспективите на другите луѓе, туку исто така и од оние на животните.

Така позната е приказната за него и коњот Букефал. Никој пред него не успеал да се качи на Букефал и да го јава. Сите се прашувале дали големиот Александар конечно наишол на еднаков на себе. Но, за разлика од другите коишто едноставно се обидувале да употребат сила против овој голем пастув, при неговото припитомување, Александар постапил на поинаков начин. Се обидел да сфати како коњот размислува. Притоа согледал дека Букефал се плашел од едно нешто, од неговата сопствена сенка. Заради тоа Александар ги земал уздите на коњот и со свртел наспроти сонцето. Откако неговата сенка исчезнала, Букефал се смирил, Александар така можел да го јавне, а потоа и да го припитоми.

На неговата неизмарна храброст, на стратешкото размислување, на лидерството и незаситноста од нови и нови победи подеднакво му се восхитувале и големите војсководци од типот на Цезар, Наполеон и многу други. Како харизматичен лидер, непобедлив војсководец и ненадминат стратег проучуван е во воената академеија Вест Поинт во САД и во голем број државни и бизнис академии во светот, кои изнедрија светски водачи на држави и менаџери на големи меѓународни корпорации.

Крајно време е нешто да научиме од овој македонски великан, да извлечиме поука и наученото да го примениме во одбрана на македонската кауза.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…