Ќе се активирa Ер Трактор за гаснење на пожарот во беровско, за кој има индиции дека е подметнат
Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, вели за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот.
-Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов.
Посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.
Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.
-Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…
Голем сајбернапад врз Европската комисија: Можно е…
Европската комисија била цел на голем сајбернапад…
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…