Ќе се грееме на сонце – Бектеши: Ако Русија инсистира гасот да се плаќа во рубљи, а ЕУ не дозволува, нема да плаќаме така

t

Како држава нашата намера е целосно да се интегрираме и да станеме членка на Европската Унија. Затоа ги следиме западните политики и кога веќе ги следиме таквите политики заедно треба да го сносиме и лошото и доброто. Ќе ги следиме и сите препораки за плаќањето на рускиот природен гас, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Како Министерство за економија ќе ги следиме сите одлуки што се носат од страна на Европската комисија (ЕК) и секоја одлука што ќе ја донесат ќе ја донесеме и ние преку Министерството за надворешни работи, вклучително и во делот на енергенсите. Наш интерес е да ја зголемиме сигурноста во делот на снабдување со енергенси и да го диверзифицираме снабдувањето со природен гас и затоа наскоро ќе се објави тендерот за изградба на новиот гасен интерконектор со Грција. Бараме од ЕК да влијае на Бугарија да се ослободат капацитетите кои се закупени од страна на ‘Газпром’“, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната средба со новинарите.

Тој нагласи дека се прават подготовки за обезбедување на алтернативни енергенси за топланите и енергетските капацитети за да работат во континуитет согласно нивните планови за производство, доколку Русија одлучи да го запре снабдувањето со природен гас за земјава.

„Моментно гасот не го плаќаме во рубљи, но доколку инсистира Русија, а Европската комисија има одлука да не се плаќа во рубљи и ние нема да го правиме тоа. Како држава до овој момент со гас се снабдуваме само од „Газпром”, имајќи предвид дека сите капацитети се закупени од тој оператор“, посочи Бектеши.

Земјава во моментов е 100 проценти зависна од руски природен гас кој го набавува преку гасоводот со Бугарија каде до 2030 година руски „Гаспром“ ги има закупено сите капацитети за транспорт на гас до нашата граница. Народната банка, пак, веќе ја стави рубљата на курсната листа со што постои можност за плаќање на гасот со руската валута.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…