Алијанса за Албанците реагира: Зошто не е предвидена употреба на албанскиот јазик во армијата?
И покрај реакцијата на Алијанса за Албанците, за занемарувањето на албанскиот јазик во Армијата, текстот на предложениот закон останува ист. Според Алијанса, текстот на предложениот закон не го вклучува членот што предвидува употреба на албанскиот јазик.
„Ова е необјасниво, никој не зеде збор, пратениците на ДУИ побараа пауза за да се консултираат со нивните газди, не знам кои се газдите. И нормално по пауза повторно молчеа и повторно застанаа на линија со ВМРО и СДСМ, против предлогот на Алијанса за вметнување на албанскиот јазик“, рече Халил Снопче, АА.
Од СДСМ велат дека за ова прашање може да се разговара и во иднина, а сега се разговара на членови кои се фокусираат на подобрување на условите за работа на учесниците на армијата.
Од Министерството за одбрана велат дека законот е преведен на два јазика. Од овој ресор конкретно не појаснуваат зошто албанскиот јазик не е наменет да се користи во Армијата, додека бараат од Алијанса да ги поддржи законските измени.
Извор: Алсат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…