Објавено на:

Договорот за извоз на жито ја буди надежта за мир меѓу Русија и Украина

t

По потпишувањето на Договорот за извоз на украинското жито претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тоа ќе „спаси милијарди луѓе кои се соочуваат со глад“ поради блокадата на украинските пристаништа.

„Овој Договор би можел да биде пресвртница што ќе ја оживее надежта за мир“, истакна Ердоган.

Додека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, потписник на Договорот истакна дека Русија „презема обврска” дека нема да ја искористи ситуацијата.

„Нема да го искористиме фактот што пристаништата ќе бидат исчистени (од мини) и отворени. Ја презедовме ова обврска“, посочи Шојгу.

Претходно Европска Унија го поздрави Договорот за извоз на украинското жито, што денеска беше потпишан во Истанбул, оценувајќи го како „критичен чекор напред“.

ЕУ ја поздрави и улогата на медијатор на Турција во овој спор како важна поддршка за применување на Договорот.

ЕУ најави дека ќе продолжи да и помага на Украина да го извезува своето жито на глобалниот пазар најбрзо што може, само во јуни, преку ЕУ, е обезбеден извоз на 2,5 милиони тони од Украина, а до 2024 ЕУ ќе мобилизира 7,7 милијарди евра за оваа цел, во соработка со Обединетите Нации и со Г-7.

Последниот пакет санкции против Русија на ЕУ исто така предвидува изземање на земјоделските производи.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху

Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…