Путин и Лукашенко остварија телефонски разговор: Белорусија назначи нов амбасадор во Москва
Тие разговараа за билатералната соработка на двете земји, меѓународната агенда и резултатите од преговорите во Техеран, како и важни економски прашања вклучително и конкретни проекти кои се однесуваат на промените поврзани со увозот, пренесува ТАСС.
Лукашенко претходно изјави дека планира денеска да има телефонски разговор со рускиот лидер, а подоцна ќе има и средба лице в лице.
Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери било договорено нов белоруски амбасадор во Русија да биде Дмитриј Крутој, пренесе белоруската агенција Белта.
Крутој претходно беше вклучен во проекти за интеграција со Русија, а ќе го замени Владимир Семашко долгогодишен белоруски дипломат, кој беше амбасадор во Русија од 2018 година.
Пред десет дена двајцата лидери разговараа за литванската блокада на товарниот транспорт до Калининград, напредокот на руската војска во Украина, ситуацијата во постсоветскиот простор, испораката на руска енергија во Европа, изградбата на белоруското пристаниште и прашањата за одбраната.
Москва и Минск продолжуваат се повеќе да се поврзуваат во услови на се поизразена изолација на двете земји од Западот, оценува ТАСС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…