Мафијашка пресметка во Албанија, убиените со возило со македонски таблички
За само неколку дена во Албанија се случија две големи мафијашки пресметки во кои животот го загубија четири лица, познати во јавноста како криминалци со дебели полициски досиеја.
Вечерва во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички беше застрелан Клисман Преци а неговиот пријател Јили Брахими е во критична состојба. Врз нив бил испукан баражен оган од автоматски пушки, најверојатно калашникови. Клисман Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.
Вечерашниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа. За бруталноста сведочи фактот дека едно од лицата било живо, но убијците се вратиле и го докрајчиле, а потоа го запалиле возилото.
Познатиот албански крими-аналитичар Артан Хоџа по овој масакр посочи дека се работи за добро организирана група, која според неговите истражувања, стои зад повеќе убиства во минатото и не зема учество во операција без да добие стотина илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…