Таен документ на ЦИА од 1971 година ги најавува денешните случувања со Бугарија
Македонскиот идентитет и посебност е проблем за Бугарија уште од минатиот век, покажува декласифираниот документ на ЦИА од 1971 година, насловен како „Македонски Синдром – хроничната криза во југословенско-бугарските односи“ кој го објави угледниот британски весник „Фајненшел тајмс“ .
Целиот документ на ЦИА има 15 страници кој го опфаќа проблемот со т.н. македонско прашање на кое Бугарија сакала да има влијание, како и цврстиот одговор од југословенска страна и од Тито. ФТ посочува дека овој документ е јасна анализа на еден од најнерешливите историски спорови во Југоисточна Европа и дека и покрај различниот геополитички контекст „тензиите околу македонскиот идентитет останале нерешени“.
Во еден дел од извештајот се вели:
– Југославија гледа на одбивањето на Бугарија да го признае постоењето на посебна македонска националност како потенцијална закана за територијалниот интегритет на Југославија. Југословените неодамна станаа немирни поради, како што го сметаат, премолченото одобрување од страна на Кремљ на тврдењето на Софија дека Македонија е населена со Бугари. Во Белград, на пример, беше забележано дека бугарските притисоци во Македонија на моменти го достигнаа својот врв кога тензиите беа невообичаено високи меѓу Белград и Москва, како кога Југославија го изрази своето противење на советската окупација на Чехословачка во 1968 година.
Потоа се објаснува дека овие настани се рефлексија на југословенско-советските односи.
-Македонското прашање беше оживеано во кампањата која Живков ја покрена во 1965. Идејата беше да се развие етосот на патриотизмот и национален дух кај младината во тогаш емоционално стагнирачката земја. Спорот околу Македонија стана клучна точка во изградбата на националната гордост, која беше задушена од подреденоста на Бугарската комунистичка партија на Советскиот Сојуз.
ЦИА дава бекграунд за тврдењата дека Македонците се Бугари отсечени од својата татковина и му посветува внимание на оживувањето на Договорот од Сан Стефано од 1878-та.
„Од 1967 година многу бугарски академици и политичарите беа ангажирани во издавање книги и написи кои ја поддржуваа расправата дека Македонија припаѓала и етнички, историски или духовно на бугарската нација. Одамна заборавените иредентистички автори и нивните трудови беа ‘реоткриени’ и републикувани. Во јануари 1967 Софија го прослави роденденот на Гоце Делчев, починатиот македонски патриот, кој во таа пригода беше означен како ‘бугарски патриот’“, оценува ЦИА.
Во извештајот стои дека спорот бил подигнат на ниво на официјални билатерални односи на 29 јануари 1968 година, кога бугарскиот амбасадор во Белград беше посоветуван од југословенското Министерство за надворешни работи за „штетата што Софија може да ја направи за македонското прашање за односите меѓу двете земји“. Без оглед на ова укажување, ЦИА наведува дека во февруари 1968 година, на 90-годишнината од Сан Стефано, Бугарите одржале масовна церемонија во Софија, на која учесниците жалеле за бугарската загуба на Македонија. По ова ниту една страна не покажа склоност да дозволи проблемот да се намали, напротив, оценуваат разузнавачите.
Во овој таен документ на ЦИА недостасуваат неколку пасуси кои очигледно се намерно покриени и еден важен детаљ – процентот на Македонци во Пиринска Македонија во 1965 година. Останува дилемата дали причината за ова е „волшебното“ исчезнување на Македонците помеѓу двата пописа во Бугарија, во 1956 се забележани повеќе од 187.000 Македонци, додека 9 години подоцна, избројани се само 9.600.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…