Порака до нашите соседи и македонските политичари: Големите држави тешко се контролираат – не можеш да бидеш суверенист ако не го слушаш својот народ!

t

Една кратка историска лекција за сите наши соседи.

Секој кој што пробал да направи голема држава на Балканот на крајот потпишал капитулација.

Пробаа Србите по распадот на Југославија знаеме до каде стигнаа, потпишаа Дејтонски и Кумановски договор.

Пробаа Бугарите со Втората Балканска војна и двете светски војни, потпишаа Париски мировен договор.

Хрватите пробаа со Усташката држава…

Грците пробаа со Мегали идејата… Изгубија островите, а потоа и Кипар.

Можеби Албанците ќе пробаат следни или пак Бугарите ќе се обидат повторно. Резултатот ќе биде ист.

Големите сили не ве сакаат силни, суверени и самостојни. Големи држави тешко се контролираат.

Поентата ми е дека Римјаните ја откриле стратегијата на Филип II „раздели па владеј“ кога го освоиле Балканот, а стратегијата ја усовршиле во Јудеа.

Балканот ваков каков што е монета за поткусурување на големите сили, а политичарите својата неспосбност да им приуштат квлитетен живот на граѓаните ја затскриваат зад големодржавните идеи, експанзионистички политики и евтина квазинационалистичка пропаганда.

Да не заборавиме дека Александар Македонски сам не тргна за Персија, а последен пат кога се обедини Балканот го освоивме светот.

Моментот кога ќе престанеме меѓу себе да си ги вадиме очите ќе видиме живот. А до тогаш едни ќе бидат со Американците, други со Русите, трети со Германците, четври со Французите, пети со Британците ама никој од политичарите нема да биде со својот народ.

Не можеш да бидеш суверенист ако не го слушаш суверенот, својот народ.

Добра е симболиката каде е поставен споменикот на Филип, таму каде што се „дели“ Скопје…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…