Пожар во Старо Нагоричане, горел објект со огревни дрва и трупци
Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце, соопштија денеска од РЦУК – Куманово.
– Пожарот е пријавен околу 15:30 часот. Го гасеа две екипи со две возила, првично беше локализиран во 19.30, а целосно изгаснат во 21.30 часот, кога се врати и последната екипа, изјави командирот на ТППЕ – Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Кумановската противпожарна единица, изминатово деноноќие гасела пожар во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и ѓубре. Пожарникарите од Куманово интервенирале и на опожарен автомобил во село Романовце. (МИА)
Фoто: ИЛУСТРАТ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…