Објавено на:

СПМ: СДСМ, ДУИ и Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира

t

Социјалистичката партија на Македонија изјавата на вицепремиерот Маричиќ за отворениот пат на кој ,,само ќе ги спроведуваме обврските” ја оценува најмалку за несмасна и неодговорна. Едноставно зачудувачка е несериозноста на членовите на, по многу што, делегитимираната Влада.

Очигледно е дека Маричиќ ја потценува опозицијата, дотолку повеќе што воопшто не ги ни зема предвид нејзините ставови и барања, подеднакво и на граѓаните кои се на линија на заштита на државните интереси на Македонија.

Според Маричиќ следи дека патот кон ЕУ за него е отворен што не е точно. Изјавата е лажење на народот со оглед дека патот не само што не е отворен туку е значително условен. Може да се отвори процесот ако се прифатат бугарските неразумни барања што е непримерно за денешно време..

Условот за промена на македонскиот Устав и другите идентитетски прашања, кои тој ги нарекува „наши обврски“, се најсложени барања што и се поставуваат на Македонија.

Затоа што се бара таа да се самоуништи и да се обезличи заради ескалацијата на бугарската освојувачка политика и нејзиниот санстефански фашизоиден сон.

Опозицијата со право не го прифаќа срамниот ЕУ бугаризиран предлог и затоа бара промени со кои ќе се понесе одговорност од министрите кои како Маричиќ лажат и ја потценуваат опозицијата и интелигенцијата на народот.

Народната воља за Маричиќ, но и за сите во ненародната Влада, е непостоечка, тој ги навредува сите и пратениците и граѓаните кои масовно се противат токму на исполнувањето на тие „обврски“ кои се понижувачки за секого освен за него, СДС и ДУИ.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие партии и самиот Маричиќ допрва ќе се соочуваат со народниот отпор кој се омасовува и не запира.

Македонските социјалисти заедно со народот ги осудуваат неумерените и навредливи изјави кои и нанесуваат штета на угледот на државата. Предавниците мора да си одат и да одговараат за велепредавство.

Социјалистичка партија на Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…

Граѓаните во централните и во северните делови…

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени…

Полицијата ширум Франција уапси најмалку 1.800 лица…

73-годишник од Крива Паланка осомничен дека силувал…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…

Рации на над 60 локации низ Македонија,…

По координираната акција изминативе два дена во…