Зеленски: Ќе заштитиме се што е наше! Војната не ја скрши Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм денеска напиша дека ќе го заштитат она што е нивно.
Се навршија пет месеци откако Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.
„Ќе победиме. Војната не ја скрши Украина и нема да ја скрши“, додаде тој.
Зеленски ги повтори повиците до меѓународната заедница да го обезбеди оружјето што ѝ е потребно на Украина за да го одбие рускиот напад и да ја ослободи украинската територија што е окупирана од Москва. Зеленски истакна дека војната во последните пет месеци е продолжение на првичниот напад на Русија врз неговата земја пред осум години, кога Москва го анектираше украинскиот црноморски регион Крим и поттикна сепаратистички конфликт во делови од источна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…