Закажана итна средба меѓу лидерите на владејачката коалиција во Бугарија!
Лидерите на партиите од владејачката коалиција во Бугарија – „Продолжуваме со промената”, БСП и „Демократска Бугарија” Кирил Петков, Асен Василев, Корнелија Нинова, Христо Иванов и Атанас Атанасов вечерва ќе имаат итна коалициска средба.
Средбата ќе се одржи во 19 часот (по бугарско време) во Советот на министри на Бугарија.
На средбата ќе се разговара за програмата на Бугарската социјалистичка партија, која е носител на третиот (последен) мандат за формирање на евентуална нова бугарска влада. Лидерите на трите партии ќе разговараат и за шансите за формирање влада откако Слави Трифонов ја повлече партијата „Има таков народ” од преговорите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…