Илон Маск имал афера со сопругата на основачот на „Гугл“, тој поднел барање за развод
Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка Грајмс, како и еден месец откако тајно станал татко на близнаци со поранешната извршен директорка на новата фирма за вештачка интелигенција „Неуралинк“. Маск, инаку, почнал да се гледа со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.
Брин бара старателство над неговата двегодишна ќерка.
Тој е и седмиот најбогат човек на светот, со проценета вредност на богатството од 93 милијарди долари. А, она што следи би било еден од најскапите разводи во историјата на Силиконската долина.
Тој претходно беше во брак со Ен Војчицки, којшто траеше од 2007. до 2015 година. Од тој брак се родија две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…